Дали е поздраво да пиете изворска, минерална или вода од чешма? Бирајте ја врз основа на овие критериуми!

4 март, 20220
Devojka-voda-2048x1365

Луѓето се поделени според нивното мислење кога е во прашање водата, па некои строго пијат само изворска вода, а други се одлучуваат за чешма и не гледаат никаков проблем во тоа.

Некаде на средина се оние кои балансираат и повремено користат изворска вода, но и минерална вода.

Многу луѓе во нивните домаќинства купиле филтри за вода кои ги користат за прочистување на водата од чешма и ја сметаат за најздрава опција, а воедно и најекономична, бидејќи не се принудени да трошат пари секој ден за купување шишиња со вода.

Која е разликата помеѓу изворска и минерална вода?

Изворските води често доаѓаат од поплитки слоеви на минерали и содржат помалку растворени минерали.

Тие се главно калциум и магнезиум бикарбонати и имаат малку минерали. Двата вида вода се првично чисти и безбедни за консумирање, но минералната вода, во одредени случаи, има дополнителни својства кои благотворно делуваат на здравјето.

Доколку не знаете која да ја изберете за пиење, можеби подобар избор е минералната вода, а за готвење изворска или чешма.

Колку повеќе минерали содржи водата, толку побрзо ќе се акумулира бигорот на кујнските апарати, па затоа советот е да не користите минерална вода за готвење.

При изборот на вода за пиење, користете ги овие критериуми:

1. Обрнете внимание на степенот на минерализација – односно табелата на хранливи материи. Повеќето од нас треба да изберат средно или високо минерализирани води, односно оние со содржина на минерали над 500 mg/l.

2. Вкус – експериментирајте, купете едно шише од повеќе видови и пробајте го она што најмногу ви се допаѓа. Водата со повеќе меурчиња обично е покисела и повкусна, додека ниско-минерализираните води се препорачуваат за деца со посладок или неутрален вкус.

За да ја направите повкусна, можете во водата да додадете лимон, замрзнати малини или свежо нане – дефинитивно ќе ви помогне да пиете доволно вода секој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma