Депилирањето на влакната од носот всушност може да биде опасно по здравјето

24 јуни, 20220
shutterstock2144181979-830x0

Отстранувањето на влакната од носот стана популарно во последните неколку години бидејќи стандардите за убавина станаа сурови, пренесува The Sun.

Дури и на социјалните мрежи, можете да најдете неколку видеа кои ја прикажуваат постапката на депилација на влакната од носот.

Сепак, има луѓе кои од естетски причини мораат да го отстранат вишокот влакна од носот, а меѓу нив најмногу се мажи.

Од друга страна, жените се понетолерантни на влакната, па затоа имаат тенденција да ги отстрануваат дури и кога ги нема многу.

Д-р Каран Раџ предупреди дека ова е лош тренд и објасни зошто никогаш не треба да ги депилираме влакната од носот.

– Кубењето влакна од корен може да доведе до инфекција на мозокот, која е опасна по живот – започна тој.

– Имате два вида влакна во носот – микроскопски трепки кои ја филтрираат слузта и ја испраќаат до задниот дел на грлото, од каде завршуваат во стомакот, а има и вибриси – влакна во носните шуплини кои секој од сакаме да отстраниме. Тие спречуваат големи честички да стигнат до задниот дел на носот. Ако ги извадите овие влакна, микробите околу фоликулите можат да навлезат и да предизвикаат мозочна инфекција – објаснил докторот.

Областа околу носот како и самиот нос се смета за ризична поради можноста да се добие инфекција. Пирсингот како и мозолчињата се опасни бидејќи постои толку лесен пат до мозокот.

– Ова го велам затоа што истите вени што носат крв од носот се среќаваат со вените што носат крв од мозокот. Ако микробите завршат во мозокот, може да предизвикаат воспаление на мозокот. Затоа советот е да ги скратите влакната од носот со ножици отколку да ги кубете од корен – советуваше тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma