Детал кој може да го комплетира изгледот: Пет начини да носите ТЕКСАС ЈАКНА оваа пролет

16 март, 20220
shutterstock_567032281

Тексас јакните се враќаат на модната сцена

Со доаѓањето на пролетта, време е полека да ги подготвите вашите тексас јакни и да ги извадите од плакарот.

Лесни се за носење бидејќи се вклопуваат со секој стајлинг и детал.

Во последните неколку години, тие се вратија на модната сцена поразновидни од кога било, па не мора многу да размислувате дали да си набавите уште едно парче.

Можете да ги најдете во речиси секаков стил – од романтични модели со зашиени цветни детали или чипка, до панк – рок јакни со шилци, нитни и кожа.

Ова се идеи како да ги носите и не заборавајте дека ќе плените со својот изглед, каде и да се појавите.

  1. „Преголема“ јакна

Зимската сезона целосно ја одбележаа „преголемите“ палта и јакни, па дури и кога се во прашање тексас моделите, слободно можете да се одлучите за двата броја поголема. Префрлете ја преку рамо и комбинирајте со широк џемпер и кратки шорцеви за интересен и поинаков изглед.

  1. Тексас сако

Ако имате тексас сако, дефинитивно треба да се обидете да го носите со тенок ремен околу половината. Ова ќе му даде поинаква нота и нов шмек.

  1. Износена јакна

Сигурно имате барем една тексас јакна од училишните денови или пак сте наследиле модел од вашите родители. Носете го со маичка со принт и хеланки за шик, спортски и опуштен изглед.

  1. Како кошула

Целосно сменете ја поентата на сакото и ставете ја под џемпер на закопчување. Одличен начин да ја замените тексас јакната со кошула, и да направите да изгледате поинаку и уникатно.

  1. Шик детал

Ова е толку едноставен и ефикасен трик – засукајте ги ракавите на јакната за да ги покажете нараквиците или часовникот и ќе изгледате поинаку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma