ДЕЈВИД И ВИКТОРИЈА ЖЕНАТ УШТЕ ЕДЕН СИН?! Неговата избраничка е убава како БОЖИЦА, не можат еден без друг!

2 мај, 20220
Screenshot_9

Тие се опседнати еден со друг- рекол изворот.

 

 

Поранешната „спајсица“ и модна дизајнерка, Викторија Бекам наскоро би можела да почне да размислува за нова свадбена креација, бидејќи за брак размислува и нејзиниот втор син Ромео Бекам (19).

 

Вториот син на Дејвид и Викторија Бекам има намера, имено, да се ожени со својата девојка, моделот и инфлуенсерка Миа Реган (19) со која е во љубовна врска веќе три години.

 

Иако и двајцата се многу млади и фокусирани на кариерата, изворот вели дека се посветени еден на друг. И сега кога постариот брат Бруклин се ожени со Никола Пелц, парот почна да зборува за својата долгорочна иднина.

 

Во интервју за Mirror, изворот тврди дека парот разговарал за брак додека биле на семеен одмор, велејќи:

 

– Миа е блиска со мајката на Ромео, Викторија. Беше јасно дека парот сака долгорочна заедничка иднина и тие веќе зборуваа дека се сродни души. Зборуваа и за тоа колку големо семејство сакаат и едвај чекаат да започнат.

На социјалните мрежи може да се види дека се многу среќни заедно. Оваа недела тие беа снимени како поминуваат време со семејството Бекам на нивната луксузна јахта во Мајами.

 

Опседнати се еден со друг, рекол изворот.

 

Тој исто така додал дека Ромео сакал да почека да се одржи свадбата на Бруклин и Никола, пред воопшто да размисли да ја запроси, за да не „биде во центарот на вниманието“ наместо неговиот брат.

 

– Миа е многу поразлична девојка од Никола и отсекогаш изјавувала дека би сакала да се омажи во Британија, и дека сака далеку полежерна и поскромна венчавка од онаа што ја имаа Никола и Бруклин – заклучил тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma