Добриот стар обичај: Знаете ли зошто Британците пијат чај помеѓу 15 и 16 часот?

17 јануари, 20220
62207879

Времето за чај е светски позната англиска традиција и интересот за него не опаѓа низ вековите. Иако за многу луѓе пиењето чај е синоним за „високата класа“, во него навистина може да ужива секој. Доколку се подготвувате да го посетите Лондон, треба да знаете некои основни информации.

Според приказните, уживањето во чајот во високото општество го популаризирала војвотката од Бедфорд, Ана Марија Расел. Таа понекогаш огладнувала помеѓу ручекот и вечерата и нарачувала мали закуски како колачиња и сендвичи заедно со чајот и тоа постепено стана секојдневие што набрзо се прошири низ дворот.

Чајот традиционално се ужива помеѓу 15 и 16 часот, а покрај црн чај, обичајот вклучува и конзумирање сендвичи и колачиња. Денес, кога веќе не е популарно само кај високата класа, пиењето чај стана синоним за уживање и релаксација и затоа секој треба да го доживее.

Ќе добиете целосно искуство на многу места, но со овие најпопуларни сигурно нема да погрешите.

1. The Ritz

За оние кои бараат вистински традиционален чај, Ritz е вистинското место. Изборот на сендвичи и колачиња е бесконечен, а внатрешноста на хотелот зрачи со класична елеганција. Чајот се служи помеѓу 11:30 и 19:30 часот и ова задоволство и искуство ќе ве чини значителни 60 евра.

2. B Bakery тура со автобус

Дефинитивно помалку класична и многу забавна е оваа тура со автобус. Можете да уживате во мини хамбургери, сендвичи и колачи додека автобусот ве води меѓу историски локации. Цената е околу 50 евра.

3. The Gallery at Sketch

Комбинацијата на уметничка галерија и чајно место зрачи со посебна енергија, а покрај традиционалната храна и чај, нудат и безглутенска, веганска, вегетаријанска и храна за луѓе со алергии. За ова задоволство ќе платите минимум 70 евра, но сигурно секој ќе си најде нешто за себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

Eskişehir Odunpazarı Escort Işıltı