Доли Партон ја одби номинацијата за Куќата на славните: „Не го заслужив тоа“

16 март, 20220
doli-parton-830x0

Навистина не сакам поради мене да се делат гласови

Кантри ѕвездата Доли Партон изјави дека се повлекува од овогодинешната номинација за Куќата на славните на рокенролот, објаснувајќи дека не го заслужува тоа, пренесуваат американските медиуми.

Музичката икона преку социјалните мрежи проговори за причините за повлекувањето, нагласувајќи дека не сака да им ги зема гласовите на другите предложени кандидати.

– Многу сум благодарна што бев номинирана да влезам во Куќата на славните на рокенролот, тоа страшно ми ласка, но мислам дека не го заслужив. Навистина не сакам поради мене да се делат гласови и затоа ќе се повлечам – изјавила таа.

Нејзиното име се појави на листата на номинирани за Куќата на славните на рокенролот минатиот месец, меѓу многу други познати имиња, како Еминем, Лајонел Ричи, Кејт Буш, Дижон Ворвик и групата Дуран Дуран, Еуритмикс и Њујорк Долс.

– Се надевам дека Куќата на славните го разбира мојот потег, и дека повторно ќе ме земе предвид, доколку некогаш го заслужам тоа – најави Партон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma