ДОМАШЕН МАЈОНЕЗ! Рецепт кој на сите им успева!
25 јануари, 20220
![369219_x5_f](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/01/369219_x5_f.jpg)
Ова е еден од оние рецепти кои успеваат од прва
Наведените состојки се доволни за една полна тегла, па доколку сакате повеќе зголемете ги дозите.
Состојки:
200 мл масло
1 јајце
2-3 лажици сок од лимон
сол
зачини
Подготовка:
Истурете го маслото во добро измиена стаклена тегла, потоа додадете ги јајцето, сокот од лимон и на крајот солта. Изматете ја смесата со миксер. Најважно кога го подготвувате мајонезот е да го повлечкувате рачниот миксер нагоре додека се пасира. По околу 20-30 секунди мајонезот е готов!
Додадете ги зачините.