ЕВЕ ШТО МОРАТЕ ДА НАПРАВИТЕ Во зима, на вашата кожа ѝ е потребна некоја промена

5 февруари, 20220
Screenshot_9

За дење и ноќе, користете креми со побогата текстура што ќе ја негуваат кожата и ќе ја заштитат нејзината надворешна обвивка.

 

Колку и да е вашата кожа приспособлива, таа едноставно бара поинтензивна нега во зима.

 

Тоа е, пред сè, неопходно поради ниското ниво на влажност, студот и разликата помеѓу внатрешната и надворешната температура.

 

Поради надворешни фактори постепено се намалува количината на потребните липиди во меѓуклеточниот простор, поради што иритирачките материи полесно продираат во кожата, предизвикувајќи чувствителност, воспаление и губење на влажноста на кожата.

 

Ова може да предизвика чувство на сувост, затегнатост, па дури и чешање и пецкање на кожата.

 

Затоа е потребно да ја промените рутината за нега и производите кои досега сте ги користеле.

 

Пилинг

 

Заменете го агресивниот пилинг за лице со постепена употреба на ретиноиди или микро-пилинг наместо хемиски и механички пилинг, кои се идеални за употреба во текот на летото.

 

Хидрирање во слоеви

 

Нанесувањето на навлажнувачки состојки и производи во слоеви ја намалува таа непријатна затегнатост на кожата. Започнете со мицеларна вода, тонер, потоа хијалуронска киселина или пептиди.

 

Дневна и ноќна нега

 

Она што го користевте досега – удвојте го. За дење и ноќе користете креми со побогата текстура кои ќе ја негуваат кожата и ќе ја заштитат нејзината надворешна обвивка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma