Европскиот град во кој третина од жителите се студенти, а јавниот превоз е бесплатен во сабота

23 март, 20220
62274064

Тибинген е универзитетски град на реката Некар во германската покраина Баден-Виртемберг. Го привлекува погледот со речиси совршено зачуваниот стар град, асфалтираните улици, живописните куќи и каналите.

Приближно една третина од населението од околу 90.000 се студенти, така што не е чудно што некои податоци покажуваат дека Тибинген е град со најниска просечна возраст на населението во Германија. Не е чудно што Тибинген има многу изразен еколошки сензибилитет.

Младите сили овде често се спротивставуваат на властите, ги доведуваат во прашање традиционалните вредности и откриваат нови алтернативни начини на живот. На пример, самоуправните иницијативи за домување се популарни каде готвењето и купувањето на намирници се организирани колективно.

„Луѓето кои живеат во овие станбени единици често се политички активни, ја поттикнуваат свеста за социјалните и еколошките прашања и придонесуваат за културната сцена со организирање концерти, предавања, фестивали и забави. Храната што се нуди на овие настани е обично веганска“, признал Алок Дамодаран за БиБиСи, сопственик на индиски камион за храна во овој град.

Освен тоа, Алок Демодаран признава дека во својот камион секогаш прво продава јадења кои се направени од храна од растително потекло, а дури потоа месо.

„Тука е исто толку вообичаено да се праша дали некој јаде месо како што е вообичаено да се праша дали има алергии на храна“, открива Демодаран.

Во земја каде што колбасите, свинските котлети и ќебапите се незаменлив дел од локалната кујна, Тибинген се издвојува со својата веганска и вегетаријанска понуда. Не само што е популарна храна од растително потекло, туку се служи и на еколошки начини.

За да се намали количината на ѓубре во Тибинген, градот неодамна донесе такса за пакување наречена Verpackungssteuer која наплаќа дополнителни 50 центи за секое еднократно пакување – од шолји за кафе до чинии за сладолед.

Целиот прибор за еднократна употреба чини 20 центи повеќе. Се оданочуваат дури и кутии за пица и фолии за завиткување фалафел при испорака. Без разлика дали се направени од одржливи и рециклирани материјали, сè што има намена за еднократна употреба е поскапо во градот.

Во првите неколку месеци од стапувањето во сила на законот, градот забележа 15 отсто помалку ѓубре во градските канти, а се верува дека тие бројки ќе продолжат да паѓаат бидејќи луѓето ќе се навикнат на новите правила и употребата на прибор и садови за повеќекратна употреба.

Градот постојано работи на проширување на велосипедските патеки во градот и поттикнува користење на јавен превоз наместо автомобили. Дополнително, во февруари годинава беше забранет сообраќајот на автомобили во центарот на градот.

Во сабота, возењето со автобус е бесплатно за сите жители на Тибинген, додека студентите имаат бесплатен превоз цел викенд и секој работен ден по 19 часот. Желба на градските власти е јавниот превоз во блиска иднина да биде бесплатен за сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma