Египетската Атлантида: Потопениот град кој во длабочините криел големо богатство

15 март, 20220
62249380

Некои веруваат дека изгубениот Ираклион или Тонис е еден од најголемите откриени потопени градови од периодот на древниот Египет, но и воопшто во историјата. Неговите тајни лежеле под морето илјадници години и дури сега почнуваат целосно да се откриваат.

Ираклион со векови е обична легенда, град за чија локација долго се шпекулира, а кој наводно датира од 12 век п.н.е. За него пишувале и старогрчки историчари како што се познатите Херодот, Страбон и Диодор.

Тоа било едно од најважните трговски пристаништа на древниот Египет, но и место за богослужба со неколку истакнати храмови, како што е легендарниот храм на Амон-Гереб.

Ираклион бил изграден на островите во делтата на Нил и се верува дека му било пресудено од комбинација на земјотреси и придружни цунами кои го заробиле под монументалните бранови. Но, тој не исчезнал преку ноќ. Историчарите веруваат дека почнал да тоне во 2 век п.н.е. и дека целосно исчезнал до 8 век.

Потонатиот град е пронајден на околу 30 километри од Александрија и на околу девет метри под нивото на водата во заливот Абукир.

Потонатите урнатини првпат биле забележани во 1933 година од пилот на Кралското воздухопловство додека летал над областа. Првото конкретно истражување, сепак, беше спроведено од францускиот археолог Франк Годио во 1999 година.

Меѓу потонатото богатство се пронајдени остатоци од масивен храм и статуи високи околу пет метри. Годио пронашол и остатоци од 64 бродови со 700 сидра, ситни саркофази, ризница со златни монети и вредни амајлии.

Подводните истражувања продолжуваат и денес и им помагаат на експертите да создадат точна слика за овој трговски град од древниот Египет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma