Еден од НАЈБИЗАРНИТЕ трендови на ДЕНЕШНИЦАТА: Ќе останете во НЕВЕРУВАЊЕ кога ќе слушнете од што се луѓето прават чајот за полесно да заспијат!

12 мај, 20220
22934_shutterstock-522908002_f

Топлата вода и листовите зелена салата се најновиот тренд кога станува збор за заспивањето

Овој необичен трик брзо се прошири на „TikTok“ и стана вирален. Многумина тврдат дека им помогнал.

На видеото се гледа корисничката на „TikTok“, Шапла (21) од Лондон, како загрева вода во лонец и ја става истата вода во чаша во која има неколку измиени листови зелена салата.

По вкус, во шолјата додала кесичка чај од нане. По неколку минути ги извадила листовите и кесичката чај и ја испила таа вода.

Во истото видео, таа објаснува како чајот ја заспива.

Собра повеќе од милион лајкови, а многумина коментираа дека едвај чекаат да го пробаат овој трик

– Веднаш одам во продавница да купам неколку главици салата – коментираше еден, а други дека веќе пробале и дека навистина помага.

Марулата содржи фитонутриент лактукариум, за кој се верува дека го поттикнува спиењето и ја ублажува болката.

Марулата со векови се користи во народната медицина како природен седатив и лек против болки. Во текот на 19 век, на пример, некои лекари користеле лактукариум, сушен, стврднат облик на горчлив, млечен сок што се излачува од дивата зелена салата, како седатив.

– Можете да го пробате ова. Не е опасно. Но, за жал, нема докази дека функционира. Ниту една студија не покажала дека ставањето зелена салата во топла вода може да ви помогне да заспиете, вели Мишел Дреруп, директорка на програмата за бихејвиорална медицина за спиење во Центарот за клинички нарушувања на спиењето во Кливленд.

Дури и да има седативна компонента во салатата, ставањето само неколку листови нема да ослободи доволно екстракт за да ве заспие, тврди таа, а објави „Мирор“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma