Една боја е симбол на Денот на вљубените: Се верува дека носи среќа во љубовта

14 февруари, 20220

Доколку денес на себе имате некој детал во боја на „среќата“, постои верување дека ќе имате среќа во емотивна врска цела година.

Денот на вљубените, кој е посветен на Свети Валентин, е еден од празниците што е општо прифатен во целиот свет, особено кај помладите генерации.

На истиот датум, православните христијани го слават Свети Трифун, заштитникот на лозата.

Сепак, Денот на вљубените е особено популарен меѓу младите, па многу луѓе се обидуваат да ги израдуваат оние кои го сакаат или во кои се заљубени на тој ден со разни подароци.

Од дамнешни времиња постои верување дека една боја е симбол на љубовта и на овој празник и дека е многу важно да имате парче накит или облека во таа боја, за да ве следи среќа во љубовта до следниот ден на вљубените.

Се работи за црвената боја. Имено, се верува дека оваа боја на страст им носи среќа на заљубените, но и самото срце најчесто го цртаме како црвено, што го потврдува значењето на ова верување.

Старото верување кое се практикува во повеќето земји во кои овој празник се слави уште од дамнина, вели дека денес девојките и момчињата дефинитивно треба да носат барем некој црвен детаљ, така што среќата во љубовта би ги придружувала до следниот ден на вљубените.

Сите варијации на црвено доаѓаат во предвид, вклучувајќи ги и оние темни нијанси како бордо.

Се верува дека црвената боја им носи среќа на оние кои немаат партнер или не се среќно заљубени, но и на оние кои се во среќни врски.

Доколку оние кои се сами денес носат нешто црвено од гардеробата или некој детаљ, постои верување дека веројатно ќе ја најдат својата „сродна душа“ до следниот ден на вљубените.

Црвената боја го „подигнува“ расположението и дава поголемо чувство на самодоверба, симбол е на радостa и страстa, затоа задолжително облечете нешто црвено денес и уживајте во Денот на вљубените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma