Експерт открива 3 причини зошто мажите стануваат незаинтересирани за врска

7 март, 20220
shutterstock1395298583-830x0

Експертот за врски вели дека мажите се тие кои во повеќето случаи одлучуваат одеднаш да исчезнат од животот на својата партнерка.

Ќе се согласите дека речиси секое влегување во нова врска е едно од најубавите чувства на светот. Првиот месец вие и вашиот партнер го имате целото време на светот, трпението, вниманието и подароците се во изобилство и се изгледа толку совршено.

Меѓутоа, често се случува едно од двете лица, а најчесто, според експертите за врски, мажот, да се повлече без причина.

„Како експерт за љубов, разговарам со мажи и жени кои се жртви на вообичаеното однесување кое предизвикува крај на врската“, вели експертот за врски Клеј Ендрјус.

Клеј вели дека мажите се тие кои во повеќето случаи одлучуваат ненадејно да исчезнат од животот на партнерката. Според него, постојат три главни причини зошто мажите губат интерес за врска.

  1. Брзо сте се заљубиле во него

Мажите сакаат да ја гледаат и ја доживуваат својата подобра половина како награда за која треба да се борат. Тие ја гледаат жената што ќе ја изберат како свое достигнување.

Тие сакаат да имаат до себе жена која е самоуверена, која има свое мислење и која не е лесно да се освои. Така, мажите се повлекуваат кога жените стануваат премногу „лесни“ за освојување.

  1. Мисли дека не може да ви го покаже своето вистинско лице

Следната причина зошто мажот губи интерес е затоа што не чувствува дека може да биде ранлив пред вас.

„Ова често е предизвикано од високите очекувања, осудувачкото однесување или некој друг начин на кој жените сакаат да го контролираат однесувањето на партнерот“, објаснува Ендрјус.

  1. Во неговиот живот се случуваат други работи

Уште една причина зошто мажите губат интерес е затоа што едноставно имаат други приоритети во животот. Работата, примарната семејна и финансиската состојба се проблеми кои спаѓаат во оваа категорија. Мажот е фокусиран на она што му е најголем приоритет во моментот, а можеби тоа не сте вие.

– Кога минува низ тежок период, неговиот фокус природно ќе биде на она со што прво треба да се соочи – заклучува експертот за врски Клеј Ендрјус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma