Елегантно, моќно и заводливо: SMOKEY EYES со розова сенка создава изглед кој воодушевува (ВИДЕО)

10 март, 20220
roze-senka-sminka-2048x920

Розовата нијанса ефикасно ги намалува несовршеностите

Кога станува збор за шминката, розовите препарати кои ефективно ја симболизираат женственоста и младоста, се користат многу внимателно, дури и ретко.

До неодамна, розовата шминка не се сметаше за нешто сериозно и софистицирано, погодно за работа, па дури и за вечерно излегување.

Барем така беше досега. Сепак, оваа година, кога е модата во прашање, веќе донесе многу изненадувања, а розовата шминка е едно од нив.

Розовата всушност претставува широк спектар на нијанси, од фушија до прашкаста виолетова, а најчесто користените нијанси се како пупка од роза, цвет од цреша, фламинго и Барби.

Пролетта која е придружена со сончево време кое најмногу ќе го поминете на сонце е идеално време за освежување на изгледот, а нема причина да не го направите тоа со ефективна розова шминка која е хит оваа пролет.

Розовата нијанса, освен што е убава, корисна е и за прикривање на несовршеностите и замор на очите. На очните капаци ќе им дадете вистинска свежина доколку се одлучите за посветла нијанса.

Доминик Скинер, експерт за шминка вработен во MAC Cosmetics, објасни дека секој тон на розово изгледа различно, односно испраќа различна порака.

– Розовата има вметната црта сина боја, што на оваа боја и дава уникатна способност да се прилагодува на различни тонови на кожата. Ако имате потопол, потемен тон на кожа, тогаш би препорачал да користите розова нијанса со помалку сина боја. Доколку, пак, имате поладен тон, тогаш ставете розова нијанса со посин тон, односно потемна розова.

Доколку сте љубители на техниката „smokey eyes“, пролетта е идеално време за експериментирање со овој начин на шминкање. Изберете ги вистинските нијанси на розова и создадете енергичен, моќен изглед кој едноставно ќе собори од нозе.

Оваа техника е најдоброто нешто што можете да го направите кога се подготвувате за вечерно излегување. Нагласете ја вашата женственост и младешка енергија, а во видеото во продолжение погледнете како.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma