Жешки совети за уште подобар сексуален живот

31 март, 20220
1156893708624449ae3dffd023694802_640

Никој не очекува преку ноќ да станете филмска ѕвезда за возрасни во спалната соба, но долгите врски несомнено носат рутина дури и кај најромантичните парови.

Веројатно секоја припадничка на понежниот пол е убедена дека нејзините вештини во спалната соба се неспоредливи. Од друга страна, мажите обично не се согласуваат со тоа и очекуваат многу повеќе од сексот, но не се осмелуваат тоа отворено да го кажат. Затоа сексуалните терапевти направија листа на најважните проблеми карактеристични за оние жени на кои не им оди најдобро во интимните односи.

Спалната соба изгледа како канцеларија: Ништо не влијае на либидото на мажот толку обесхрабрувачки како потсетувањето на неговиот стресен деловен живот. Во иднина држете ги лаптопите, сметките, документите и сите слични предмети подалеку од спалната соба.

Креветот треба да биде резервиран исклучиво за спиење и секс. Одолејте на нагонот да читате е-пошта и деловни извештаи на телефонот пред спиење, а ако веќе треба да читате, нека биде еротска литература.

Станувате од кревет веднаш штом ќе го прекинете односот: Разбираме дека треба да го исчистите нередот штом заврши забавата, но немојте да го правите тоа веднаш. Така му праќате порака на партнерот дека сте направиле нешто валкано. Верувале или не, на мажите навистина им се допаѓа кога се галите после секс. Наглото станување од кревет ја убива нивната интимност. Сепак, не се лутете ако веднаш заспие – тоа е само знак дека е многу задоволен и опуштен, како и дека чувствува неизмерна блискост со вас.

Затоа искористете ја приликата и дајте му конкретен комплимент. Не се срамете, туку кажете му што особено ви се допаднало за време на сексот. Можете и нежно да го изгребете, можеби ќе го доведете до вториот круг.

Секогаш сте во тренерка: Никој не тврди дека треба да бидете дотерани цело време или секогаш да изгледате како заводничка во чипкана долна облека, но имајте на ум дека мажите се визуелни суштества и вашиот партнер дефинитивно ќе забележи ако престанете да се обидувате да изгледате секси за него.

Грижете се за себе и внимавајте на вашиот изглед. Мажите сакаат кога жената се обидува да изгледа заводливо само за него, бидејќи тоа му покажува толку јасно дека таа е сè уште заљубена и дека се грижи. Облечете се како што сакате, но понекогаш (барем во посебни прилики) вложете малку труд за него и тој труд сигурно ќе ви се исплати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma