ЗА ВРЕМЕ НА СНИМАЊЕТО РАЗВИЛА И ЕДНО ПОРЕМЕТУВАЊЕ: Еве кој од ликовите од култната серија „Пријатели“ имал НАЈНИЗОК хонорар!

25 март, 20220
51496_serija-prijatelji_ls

Не само што заработила најмалку, туку и добила пореметување за време на снимањето на серијата…

Фиби, односно актерката Лиза Кудроу неодамна гостуваше кај Енди Коен и по тој повод откри нови детали од снимањето на култната серија „Пријатели“.

Таа истакна дека не ги ни гледала сите епизоди, како ни нејзината колешка и пријателка Кортни Кокс.

– Кортни и јас сме на ист брод, знаете. И не се сеќаваме какви се епизоди имаше. Јас дури ги немам ни гледано сите епизоди – вели Лиза.

Таа откри и дека имала најмал хонорар, па во еден момент целата актерска екипа од серијата водела преговори за платата.

– Еден или двајца од нас не беа задоволни, но тоа не беше моја идеја. Мислеа дека треба да го направиме тоа. Најмалку заработував, па тоа беше во моја корист. Добив повик од Дејвид Швимер кој ми рече „Слушај, треба да го направиме ова“. Можеби тоа беше идеја на Кортни Кокс. Мислам дека да. Таа рече да, но дека разговарала со Швимер кој ми се јави. Реков „Добро, тоа звучи навистина одлично“ – рекла актерката.

Lisa Kudrow

Таа развила и пореметување поради снимањето на серијата

Лиза мислела дека не се вклопува во холивудските стандарди и дека е „огромна“ во споредба со колешките Џенифер Анистон и Кортни Кокс со кои ја снимаше серијата. Затоа имала проблем да ги гледа нејзините слики во списанија и настапи на телевизија.

– Бев повисока и поголема. До нив се чувствував како планина – рекла Лиза.

Со оглед на тоа што за време на снимањето и било сè понепријатно, решила нагло да ослабне, што и донело и здравствени проблеми. Почнала брзо да слабее, но нејзиното телесно дисморфично нарушување ја спречило да види колку станала слаба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma