За совршено обликувана фигура: Четири совети како да изберете фустан ако имате ГОЛЕМИ гради
Жените кои имаат големи гради секако се соочуваат со многу проблеми при изборот на гардероба.
Покрај тоа што бујните гради можат да предизвикаат здравствени проблеми како болки во грбот, големото деколте го отежнува и наоѓањето соодветен фустан. Една Британка сподели таков проблем со своите следбеници на својот TikTok.
Таа ги откри четирите најважни работи на кои треба да обрнете внимание кога е во прашање летен фустан, доколку вашата цел е да ја истакнете вашата фигура.
– Девојки кои имаат поголеми гради, ова е добар стил на облекување на кој треба да внимавате. Во овој случај, фустанот треба да оди преку градите, а градите да се гледаат под материјалот – започна таа.
Друга работа на која треба да обрнете внимание е деколтето на самиот фустан. Вистинското деколте за луѓе со големи гради е квадратно деколте кое го надополнува деколтето, вели таа.
@thebigtittiecommittee
Дополнително, добра работа за девојките со големи гради се пуфкастите ракави бидејќи ги прави горните делови на телото еднакви во пропорција. И на крај, доколку сакате да ја истакнете целата фигура, изберете фустани кои имаат шлиц на страна.
Таа има повеќе од 80.000 следбеници на TikTok – кои беа импресионирани од нејзините совети, а неколкумина рекоа дека дефинитивно ќе ги земат предвид овие трикови при изборот на нивната следна облека.