Зборови кои ја КИНАТ ДУШАТА: Познатиот актер објави ЕМОТИВНА порака на роденденот на својот покоен син (ФОТО)

14 април, 20220
Grease-1522159

Неговиот син сега би имал 30 години

Познатиот актер Џон Траволта му посвети емотивна објава на својот починат син Џет, кој оваа година би го прославил 30-тиот роденден.

– Најдраг мој Џет, не можам со зборови да опишам колку ми недостигаш. Секој ден мислам на тебе. Среќен роденден. Те сака татко ти – напиша во описот на нивната заедничка црно-бела фотографија што ја објави на социјалните мрежи.

Џет почина во 2009 година, кога имаше само 16 години, на семејно патување на Бахамите. Тој имал напад додека бил во када и со главата удрил во нејзиниот раб. На крајот, домарот го нашол како лежи онесвестен во бањата, а брзата помош го однела во болница.

За жал, таму можеле само да утврдат смрт. Џет имал напади од раѓање – тој бил аутистичен, имал епилепсија и Кавасаки синдром.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi