ЗНАК КОЈ МОЖЕ ДА НИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ: Кардиолозите откриваат што се појавува на нашето тело пред да настане срцев удар!

30 март, 20220
shutterstock_588010928

Истражувањата покажаа дека осип на кожата може да биде најраниот знак дека наскоро ќе доживеете срцев удар.

Срцевиот удар настанува поради недоволно снабдување на срцето со крв, но и поради таложење на масни наслаги во артериите, кои исто така го блокираат протокот на крв.

Срцевиот удар може да има фатални последици, а за да се избегнат потребно е навреме да се реагира. Пациентот кој добива лекарска помош навреме има значително поголеми шанси да преживее.

Истражувањата покажаа дека осип на кожата може да биде најраниот знак дека ќе доживеете срцев удар. Оваа промена изгледа исто како осип, а всушност се работи за наслаги на холестерол, според тврдењата на Американската академија за дерматологија.

Кога масните наслаги ги затнуваат артериите, вишокот холестерол се складира во друг дел од телото.

„Може да се појават знаци на кожата или ноктите. Ненадејните промени на кожата, како што се мали испакнатини или осип, укажуваат на тоа дека имате нагло зголемување на холестеролот. Овие промени настануваат како резултат на високото ниво на триглицериди во крвта“, вели кардиологот Мајк Морис.

„Црвените или виолетовите линии може да се појават и на прстите, под ноктите. Тоа се всушност оштетувања на крвните садови кои настануваат во прединфарктна состојба“.

Доколку ја забележите оваа необична промена, најдобро би било да посетите кардиолог и да го проверите здравјето на срцето, е советот на сите доктори.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma