Знаци кои покажуваат дека тој не е оној вистинскиот за вас: Овие однесувања испраќаат предупредувачки сигнал

18 септември, 20220
Screenshot_1

Вообичаено ги бараме или гледаме само оние знаци кои покажуваат дека токму тој е оној вистинскиот. Макар и најмалата надеж која ја наоѓаме ни служи како доволен повод за да се поврземе со некоја личност и да веруваме дека токму тоа е тоа.

 

 

 

Ако сте од оние кои сè уште го бараат принцот, треба да имате на ум неколку ситници кои никако не треба да ги занемарите доколку ги забележите. Сите имаме маани и грешиме, но преку некои работи не треба да преминуваме.

 

Ако забележите некој од следниве 4 знаци кај момчето што ви се допаѓа, знајте дека тој не е вистинскиот принц за вас:

 

  1. Љубоморен е на вашето минато

 

Не може да го прифати фактот дека и вие сте имале минато и целиот се накострешува кога ќе се спомне некое ваше поранешно момче. Најмалку што треба е да чувствувате вина за тоа што сте имале живот и пред него. Вашето минато е нешто што никој не треба да го доведува до прашање, ниту да го користи против вас.

 

  1. Себичен е во кревет

 

Ако вашиот партнер е себичен во постелата, треба тоа веднаш да го извадите на виделина. Мора да води сметка и за вашето, а не само за сопственото задоволство.

 

  1. Не сака кога му покажувате емоции

 

На сите им е познато дека мажите не сакаат кога жените плачат. Тогаш им е непријатно и не знаат што да направат за да се чувствуваат подобро. Има мажи кои се толку во паника, што стануваат бесни и лути. Ако долго останете во врска со ваков човек, ќе почнете да ги криете и да ги потиснувате своите емоции, а тоа не е добро за вас.

 

  1. Вулгарен е и груб

 

Вулгарноста на јавно место е неприфатлива, но тоа не значи дека е прифатлива во домот. Ако е груб кон вас кога сте сами, тоа не е добар знак. Ако може да се контролира кога сте надвор, тогаш може да се контролира и кога сте сами меѓу четири ѕида.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi