Зои Кравиц за славните родители и спремање за „Бетмен“: „Добро чувство е да видите на што сте способни“

21 февруари, 20220
Zoe-Kravitz

Актерка, музичар, продуцент и режисер – Зои Кравиц е сестрана креативка која ги следела стапките на нејзините познати родители Лени Кравиц и Лиза Бонет. Но, и покрај привилегиите да растеш во светот на шоу-бизнисот, тоа може да биде и меч со две острици.

„Секогаш кога ќе се вработев, луѓето претпоставуваа дека тоа е поради моето презиме. Тешко е. Но, бев исклучително привилегиранa. Лесно добив агент. Нема да се преправам дека не ми помогна. Но, морав да се потсетам дека работам напорно, како дете настапував во куќата на баба и дедо. И нема врска со тоа кои се моите родители – го направив тоа затоа што го сакав. Благодарна сум што сум нивно дете. Но, јас сум и моја личност“, изјави Зое за Elle.

Зои првпат се појави во актерската екипа во споредни улоги во „X-Men: First Class“, „Divergent“ и „Mad Max: Fury Road“, и ја импресионираше пошироката публика и критичарите со нејзината улога во серијата „Big Little Lies“. и сега може да се види во новиот „Batman“ како Селин Кајл или Жена-мачка.

Zoe Kravitz u ulozi Catwoman

Зои Кравиц ја доби честа да ја игра Жена-мачка, улога која претходно ја играа Ерта Кит, Мишел Фајфер, Хали Бери и Ен Хатавеј. „Кога беше објавена веста, добив повеќе честитки отколку на мојот роденден“, вели таа. А природата на улогата создаваше притисок да биде во форма, па по осум часа на снимање тренираше по три часа секој ден, а почна да тренира два месеци пред почетокот на снимањето.

„Секако, сакате да изгледате добро во костим, но јас исто така сакав да изгледа реално, да можам да изнесам сè од филмот. Морав да бидам посилна, посилна од кога било. Беше убаво чувство, да се види на што сум способна. Се чувствував самоуверено – и можев да истепам некого“, заклучи Зои.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi