Избегнувајте ги овие фризури: Многу се штетни за вашата коса

19 април, 20220
Screenshot_10

Постојат фризури кои во никој случај не се соодветни за нашата коса, иако вие ги обожавате. Ако вашата коса одеднаш почнала да се крши и е целосно безживотна, тогаш тоа е, меѓу другото, и поради фризурите кои често ги правите.

 

 

Се разбира, фенирањето, пеглањето, па дури и самото миење на косата не е секогаш добро за вашата коса – ја оштетува, но таквите работи се неизбежни, па не можеме целосно да ги елиминираме. Но, поради тоа можеме да го намалиме правењето на следните фризури:

 

Пунџи

 

Различните видови пунџи се многу лоши за нашата коса. Затегнувањето на косата и нејзиното виткање е многу тешко и штетно. Спиењето со пунџа особено не е добро, што многу жени го практикуваат. Многу е важно да си легнете со пуштена коса, за да избегнете оштетување на коренот на косата.

 

Плетенки

 

Плетенките станаа тотален хит во светот. Девојките ги прават за свечени пригоди и за секојдневни излегувања, но тоа воопшто не е добро. На ист начин како и кај опавчето, косата пука и почнува да се листа. Премногу затегнување на главата ја прави косата послаба кога ќе ја пуштите. Доколку веќе правите такви фризури, задолжително користете регенератор или балсам кој ќе ви ја заздрави косата при миењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma