Избегнувајте ја: Храна поради која косата слабее и опаѓа

25 јануари, 20220
Screenshot_2

Нивото на хормони, стресот и неурамнотежената исхрана се само некои од причините за опаѓање на косата.

 

Најчестите проблеми со скалпот поради кои одиме на лекар секако се опаѓањето на косата и развојот на т.н. себороичен дерматитис на скалпот. Проблемот со опаѓање на косата подеднакво го доживуваат и жените и мажите, а причините навистина можат да бидат многубројни.

 

Опаѓањето на косата може да биде поврзано со возраста, но и со повеќе фактори. Тоа игра голема улога во тоа како се чувствуваме и како се гледаме себеси во огледало, така што може да биде доста тешко да се справиме со опаѓањето на косата. Се проценува дека околу 50 проценти од жените постари од 40 години ќе имаат проблеми со опаѓање на косата.

 

Многу работи не можеме сами да ги запреме, но и во овој случај, исхраната игра улога. Еве кои намирници треба да ги избегнувате.

 

Која храна е добра, а која не?

Досега сите научивме дека исхраната богата со заситени масти не е добра за нас поради многу причини, а можеби најопасна е високиот холестерол. Но, истражувањето спроведено минатата година вели дека преработената храна и мрсната храна можат да придонесат за губење на косата.

 

Спроведена е и студија која покажува дека стресот на организмот предизвикан од дебелината, лошата исхрана може да го наруши циклусот на раст, што може да доведе до забрзано проретчување на косата.

 

Исхраната богата со протеини може да го поттикне растот на косата.

 

Изберете храна богата со протеини и здрави масти. Не заборавајте на оние богати со витамини, минерали, витамин Ц, Д и железо.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma