ИМАТЕ МРСНА КОСА? Овие билки се СПАС за вашиот проблем – не се скапи, а помагаат МНОГУ

28 април, 20220
Screenshot_11

Речиси и да нема жена која немала проблем со тоа што ден по миењето на косата коренот изгледа како да е попрскан со масло.

 

 

Во лето е уште полошо бидејќи потењето е зголемено, а ништо не е полесно кога косата е врзана во опавче или скриена под капа. При секојдневно миење, велат дерматолозите и фризерите, маслото уште повеќе се лачи, па како да го решите овој проблем.

 

– Колку и да ви изгледа тешко или непријатно, не ја мијте косата секој ден. На тој начин ќе дозволите скалпот да се опорави и со текот на времето ќе станува сѐ помалку мрсен – советуваат експертите.

 

Причините зошто косата секогаш изгледа валкано не се во шампоните, ниту пак се виновни производите за обликување на косата. На неа многу повеќе влијаат гените и хормоните, но и начинот на живот. Важно е и што јадете и дали сте под стрес.

 

На социјалните мрежи се споделуваат стотици совети и трикови како да се реши овој проблем.

 

Една од состојките за нега на мрсна коса е прашокот за пециво. Измешајте лажичка прашок за пециво и шолја вода додека не добиете мазна смеса, а потоа добро измасирајте ја во скалпот. Потоа само исплакнете со мешавина од лажица јаболков оцет и чаша вода.

 

Вториот трик е со сода бикарбона. Измешајте ја со вода во сооднос 1:3 и повторете ја постапката како со прашокот за пециво.

 

Покрај прашокот за пециво и сода бикарбона, можете да користите и белки од јајце за нега на мрсниот скалп. Изматете две белки со вилушка и измасирајте го темето, па оставете да отстојат 20 минути. После тоа, измијте ја косата нормално со шампон.

 

Можете исто така да го нахраните мрсниот скалп со разреден црн чај така што ќе го масирате во кожата и потоа ќе го исплакнете.

 

Мешавина од алое вера и лимон е еден од рецептите против мрсна коса. Измешајте една лажичка свежа алое вера и две лажици сок од лимон со вообичаениот шампон, а потоа оставете го на косата три до пет минути добро да се впие. На крај исплакнете со млака вода.

 

Јаболковиот оцет исто така може да помогне. Измешајте шолја оцет со чаша вода, а потоа исплакнете ја косата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma