Италијанско место кое треба да се посети пред да биде „повторно откриено“ од туристите

13 мај, 20220
62304467

Повеќето посетители ќе се упатат и во барот Вители – кој Френсис Форд Копола го искористи како кулиса за снимање на легендарниот Кум.

Савока е едно од најубавите места во Италија. Станува збор за шармантна дестинација во провинцијата Месина на Сицилија, која крие многу историски и културни атракции на рид опкружен со зеленило и прошаран со маслинови дрвја.

Во текот на вековите, Савока била под влијание на Римјаните, Византијците, Арапите и Норманите, па затоа не е чудно што денес на неа можат да се најдат остатоци од различни градби – од замоци до средновековни цркви. Доколку се најдете овде, задолжително посетете го замокот Пентефур, но и криптата Капучини во историскиот центар, која вклучува 37 мумии.

Повеќето посетители ќе се упатат и во барот Вители – кој Френсис Форд Копола го искористи како кулиса за снимање на легендарниот Кум.

62304470
62304468
62304469
62304471

Кога Кум се појави во светските кина во раните 1970-ти, Савока стана популарна дестинација меѓу љубителите на филмот. Туристите денес не се собираат во Савока, ниту пак ќе најдете долги редици овде за да ги истражите главните атракции.

Наместо тоа, посетителите ќе бидат воодушевени од помирната и порелаксирана атмосфера без многу гужва и галама. Восхитувајте се на шармантните куќички со портокалови покриви, уживајте во природните убавини и прекрасните погледи на Јонското Море и задолжително пробајте ги локалните специјалитети.

Убавината на малите места како Савока лежи во нивната стара традиција и обичаи. Еден начин да се види културата на ова место е да се слави заштитничката на градот Св. Луција која се одржува во втората недела во август секоја година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber