КАДЕ ИСЧЕЗНА СЕЛИН ДИОН? НИКОЈ НЕ ЈА ВИДЕЛ ОД ОКТОМВРИ: Се зборува дека причината за исчезнувањето е ужасна! (ФОТО)
![274975_profimedia0453367070_ls](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/03/274975_profimedia0453367070_ls.jpg)
Селин Дион утре го слави својот 54-ти роденден, но од неа нема ни трага ни глас
Од некогаш многу достапната уметница, останаа само неколку објави на Инстаграм што може да ги објави секој од нејзиниот профил.
Се шпекулира дека е болна и тоа сериозно и дека се уште не закрепнала. Никому не му е јасно за каква болест се работи, но сите веднаш ја прифатија таа причина како оправдана, со оглед на тоа што пејачката минатата година драстично ослабе.
Слабеењето и очигледно лошата физичка состојба ги оправда со тоа што се вратила на балетот и многу работи.
Од октомври, додека не ги откажа настапите, Селин објавуваше само извадоци од видео клипови од нејзините стари спотови.
Фановите во пораките напишаа: „Би сакале да имаме некои новости за Селин…“
Нејзиното последно обраќање до публиката беше на крајот на 2021 година, кога рече:
„Навистина се надевав дека ќе можам да го одржам настапот, но претпоставувам дека само треба да бидам трпелива и да го следам режимот што ми го препишаа лекарите. Ќе ми биде драго да се вратам во полно здравје, едвај чекам да се вратам на сцената“.