Кадифено мек: Сицилијански леб со маслинки и сушен патлиџан

6 март, 20220
hleb-2048x1365

Вкусовите на уникатната Италија може да се најдат на вашата трпеза денес со само малку труд.

Можете да направите сицилијански леб со маслинки и домати како додаток на ручекот или можете самo да го јадете за вечера.

Состојки:

500 гр бело брашно
2 лажици сол
20 гр свеж квасец
350 мл млака вода
2 лажици паста од маслинки
4 лажици сушени домати
4 лажици пармезан

Подготовка:

Просејте ги брашното и солта. Растворете го квасецот во вода. Направете вдлабнатина во брашното и прелијте ги со квасецот и маслиновото масло. Замесете меко тесто и месете додека не престане да се лепи. Тестото се става во длабок сад, се премачкува со маслиново масло, се покрива со фолија и се остава 90-120 минути да нарасне или додека не нарасне двапати. Развијте во правоаголна кора со големина 50 × 20. намачкајте со намаз од маслинки. Посипете ги ситно исечканите домати, рендан пармезан и виткајте во ролат.

Завртете го ролатот во прстен, а потоа свиткајте ги краевите надолу. Се става во тавче подмачкано со масло и се остава да стаса околу 30-40 минути. Направете процепи од околу 5 см. Се пече во рерна на 220 степени. Првично, 3 пати по 1 минута попрскајте ги ѕидовите на рерната и дното со прскалка за вода, додека лебот не порумени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma