Каква убавина! Швајцарското село кое го инспирираше „Господарот на прстените“

29 април, 20220
62295868

На местото доминира висок водопад кој се спушта по планината во подножјето на местото, а кога ќе го видите изгледа како да е замрзнат. Долината е опкружена со планини, кои исто така го „заштитуваат“ Лаутербрунен, а со благ поток што вее низ градот и скромните куќи изградени на падините на ридот, ова многу лесно може да биде вистинскиот Ривендел.

Често во животот црпиме инспирација од некои работи што ги гледаме и доживуваме. Толку не воодушевуваат и не оставаат без зборови, па долго фантазираме за нив. Природните убавини очигледно ги фасцинираат и писателите, па така познатиот Џ.Р.Р. Толкин, автор на култни дела како „Хобитот“ и „Господарот на прстените“, инспирацијата за своето најпознато дело ја нашол при посетата на едно швајцарско живописно место.

62295864
62295865
62295866
62295867
62295868 (1)

За да го создаде фантастичниот свет на Ривендел, Толкин бил инспириран, барем според историјата, од градот Лаутербрунен. Без разлика дали е само легенда или не, доволно е да ѕирнете во фотографиите од местото и да разберете зошто приказната за инспирацијата држи вода.

На местото доминира висок водопад кој се спушта по планината во подножјето на местото, а кога ќе го видите изгледа како да е замрзнат. Долината е опкружена со планини, кои исто така го „заштитуваат“ Лаутербрунен, а со благ поток што вее низ градот и скромните куќи изградени на падините на ридот, ова многу лесно може да биде вистинскиот Ривендел.

Lauterbrunnen - 3

На крајот на краиштата, самиот Толкин во писмо до својот син додека патувал во Швајцарија напишал дека земјата го оставила без здив, особено нагласувајќи ја убавината на пејзажот. А како „забавен факт“ можеме да додадеме дека планината Силберхорн во „Господарот на прстените“ наводно била направена по моделот на планината Јунгфрау.

Лаутербрунен може да се нарече и место на водопадите, бидејќи овде ги има вкупно 72. Местото е лесно достапно со автомобил или воз, а можете да го посетите за еден ден, така што не ви треба ништо посебно за него освен удобни чевли. Тука постојано живеат 2 ипол илјади жители, па дури и да го посетите местото, не бидете од оние туристи кои буквално ѕиркаат од нечиј двор во желба да ја направат најдобрата можна фотографија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma