КАКОВ Е ОВОЈ СОСТАНОК? Пит ја одведе Ким на нискобуџетна вечера, и потоа заедно уживаа во сладолед од аптека!

15 јануари, 20220
Screenshot 2022-01-15 121808

Ким Кардашијан (41) и нејзиното момче Пит Дејвидсон (28) се видени во Лос Анџелес по враќањето од гламурозниот одмор на Бахамите.

Иако уживаа во врвна храна и барови на островите, парот реши да оди во друга крајност на враќање во Америка. Вечерале на две локации, а ретко кој би му паднал на памет да купи храна на една од нив. Необичниот пар очигледно решил да оди на нискобуџетен состанок.

Папараците ги фатија како се држат за рака и во прегратки, но некои се уште се сомневаат дека се во љубовна врска.

Kim Kardashian i Pete Davidson još uvijek nisu potvrdili svoju vezu.

Парот најпрвин отишол во локалната пицерија Jon & Vinny’s, а за десерт решиле да одат во Rite Aid – аптека која работи 24 часа на ден. Малкумина би се сетиле да одат по сладолед во аптека, но Ким и Пит завршија таму да се дружат.

Многумина коментираа дека ова е многу необичен избор, пред поранешниот сопруг на најпознатата Кардашијан кој за својот втор состанок ја почести својата нова девојка Џулија Фокс со сосема нова гардероба.

Ким и Пит се уште официјално ја немаат потврдено својата врска, но американскиот медиум TMZ постојано пишува дека овие фотографии докажуваат дека нивната врска станува се по ’жешка’. Судејќи по нив, ваквото дружење тешко може да се нарече состанок, но никогаш не се знае. Можеби оваа необична двојка постави нови економски стандарди за љубовните врски со нивното нискобуџетно излегување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi