Како да го изберете идеалното руменило за вашиот тен?

15 април, 20220
1649749333-profimedia-0627419667-750x572

Ако не знаете како да го изберете идеалното руменило – советот е многу поедноставен отколку што можете да замислите.

Изборот на вистинската боја на руменилото е секогаш напорна работа, но конечно најдовме начин со кој никогаш повеќе нема да погрешите.

Како да изберете руменило?

Руменилото е една од основните „алатки“ за шминкање, бидејќи придонесува за поздрав и посјаен изглед. Кое руменило ќе ви изгледа убаво зависи од неколку фактори: тонот на кожата, типот на кожата, но и годишното време. Се верува дека летото е повеќе резервирано за крем, а зимата за руменило во прав.

Ако згрешите и изберете премногу темно или премногу светло руменило, непланирано ќе додадете години на вашето лице или уште полошо, остатокот од шминката ќе изгледа неприродно.

Па тогаш како да се избере идеалната сенка?

Еден од едноставните трикови е да ја погледнете бојата на кожата од внатрешната страна на долната усна и – тоа е тоа! Иако бојата е малку посилна и „се издвојува“ од остатокот на лицето, всушност тоа е идеалната боја на руменило со која ќе изгледате природно.

Руменило – уште неколку совети:

Не е доволно само да нанесете руменило на вистинските места на лицето, туку мора и да го изблендирате за да се вклопи со вашиот тен и да изгледа што поприродно.

За долготрајност: Пред нанесување, испрскајте ја четката за руменило со прајмер за шминка или нанесете го директно на лицето пред остатокот од шминката.

Ако претерате – не отстранувајте го руменилото со средство за отстранување шминка, туку нанесете течна пудра на тие делови и размачкајте ја со четка за пудра.

Руменилото можете да го користите и како сенка за очи или за фиксирање на кармин, пишува Beauty & Health.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma