Како да откриете дали тој престанал да ве сака – знаци кои никогаш не лажат
![Screenshot_5](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/02/Screenshot_5-5.png)
Психологијата на еден маж, кој е во врска со една жена, е различна од женската психологија и тоа е очигледен факт, при што затоа понекогаш постои големо недоразбирање меѓу партнерите.
Чувствата се менуваат и сосема е возможно мажот, кој жената некогаш ја нарекувал своја сакана и единствена, сега за него само да биде сосема обична личност, кон која веќе не чувствува ништо.
Еве кои 3 фрази најчесто ги велат мажите кога веќе престанале да ја сакаат својата партнерка:
- „Потребен ми е одмор“
Кога мажот бара одмор од врската во која се наоѓа, тој едноставно се сомнева во својот избор на партнерка. Потребен му е простор и време да помине сам, за да види дали ќе му недостасувате. Или веќе е изморен од трудот и смета дека ако направи пауза, нештата подоцна ќе се вратат по старо.
- „Погледни ја Катерина / Ивана / Ана…“
Еден маж кој ја сака својата партнерка, никогаш нема да ја споредува со други жени. Оној кој ги изедначува и споредува квалитети на својата сакана со други, всушност значи дека едноставно бара подобра партнерка.
- „Не ме интересира што мислиш“
Кога мажот веќе не го интересира вашето мислење, ниту се бори да го добие, тогаш тоа е најјасниот знак дека воопшто не е заинтересиран за вас, па дури не ве почитува ниту како личност.
Кога во една врска ќе се загуби довербата меѓу партнерите, тогаш се губи и значењето на истата. Затоа, според љубовните експерти, најдобро е партнерите секогаш отворено и искрено да разговараат.