КАКО ДО СИЛНИ И ДОЛГИ НОКТИ НА ПРИРОДЕН НАЧИН? Овие витамини се КЛУЧНИ!

28 март, 20220
487491_xstock-photo-beautiful-elegant-woman-with-turquoise-make-up-and-nails-pose-at-studio-326827325_f

Ноктите не се само украс на вашите раце. Тие се и огледало на здравјето, а доколку се во лоша состојба, тоа укажува на многу здравствени проблеми. Научете како на природен начин да постигнете идеален изглед на вашите нокти…

Сакате да имате негувани, мазни, цврсти нокти? Имате проблеми со пукање, бели дамки и габи на вашите нокти? Размислувате за ставање вештачки нокти? Вештачките нокти не се решение за вашиот проблем. Овој потфат може да биде и опасен ако го направи непрофесионално лице. Со соодветна нега и исхрана можете да имате убави и негувани нокти.

Нега на ноктите

Цврстите и убави нокти секако подобро изгледаат на негувани раце. Редовно негувајте ги рацете. Пазете се од прекумерен студ и топлина, детергенти, киселини и хемикалии. Носете заштитни ракавици кога чистите.

Доколку ги изложите рацете на штетни материи, натопете ги во сад со маслиново масло и лимон, па кожата ќе стане поотпорна.

Доколку имате многу суви или чувствителни раце, намачкајте ги со маслиново масло пред спиење и облечете памучни ракавици за маслото да делува преку ноќ.

Витамини за раст на ноктите

Познато е дека убавината доаѓа од внатре. Затоа исхраната е еден од темелите на здрави и убави нокти. Внесувајте доволно протеини и минерали кои ги градат ноктите: сулфур, железо, силициум, цинк, есенцијални масни киселини и витамини Д, А и Е. Не заборавајте да го зголемите внесот на калциум.

Витаминот Д е потребен за цврстина и раст на ноктите. Најдобар начин да го надополните вашето тело со овој важен витамин е редовното изложување на сонце.

Витаминот Ц го стимулира производството на колаген, ја прави кожата поубава и поцврста и поттикнува побрз раст на ноктите. Го има во лимоните, дињите, пиперките, карфиолот, портокалите, јагодите и кивите.

Активност

Поттикнете ја циркулацијата во вашите раце и прсти! Докажано е дека работата со рацете и прстите, како што се пишување, играње, шиење или гимнастика, го стимулира растот на ноктите.

Кога ноктите растат пребрзо

Ноктите растат со различна брзина, колку се подолги прстите и рацете, толку побрзо растат ноктите. Кај трудниците ноктите растат побрзо. Доколку ноктите ви растат пребрзо, проверете ја тироидната жлезда, бидејќи тоа е можен знак за хипертироидизам, односно хиперактивност на штитната жлезда. Можна е врска и со псоријаза кога клетките на кожата пребрзо се обновуваат и кога се акумулираат во црвени болни наслаги.

Ако вашите нокти растат многу бавно и се неквалитетни, тоа може да биде знак за лоша исхрана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma