Како изгледа wellness рутината на Бела Хадид: Два збора – next level

6 февруари, 20220
Bella-Hadid

Дека познатите личности имаат некои посебни трикови за фит линија, здравје и убавина не е тајна, но некои рецепти не изгледаат баш остварливи за обичните смртници. Супермоделот ја сподели својата рутина за подготовка на летот со својата повеќемилионска публика на TikTok и даде уникатен увид во различните третмани што ги вклучува.

Под мотото „здравјето е богатство“, Бела Хадид го започнува денот со вежбање на елиптична справа. После тоа, се опушта и се ослободува од токсините со чај во сауна.

За да го зајакне имунитетот, тaa оди на инфузија со витамини, по што следи лимфна дренажа и терапија со кислород, која треба да даде енергија и да помогне при главоболки и релаксација.

Кога станува збор за храната, Бела сака врап богат со протеини и пита леб со хумус, и конечно пие пијалок од зелен целер – и таа е подготвена да лета!Как

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma