Како смртта на Стенфорд Блач го промени сценариото на „Сексот и Градот“? Режисерот открива што требаше да се случи со овој лик!

15 февруари, 20220
Stanford-Blatch0022740665 (1)

Актерот Вили Гарсон почина во септември минатата година, за време на снимањето на продолжението на серијата „Сексот и градот“, односно новата сезона наречена „And just like that…“.

Во серијата „Сексот и градот“, Гарсон го играше ликот на блискиот пријател на Кери Бредшо, Стенфорд Блач, а неговата ненадејна смрт го наруши снимањето на продолжението на култната серија.

Продуцентите и сценаристите имаа тешка задача, мораа да го сменат целото сценарио и бараа најбезболен начин да го исклучат ликот на Стенфорд – најдобриот пријател на Кери Бредшо, кој беше една од омилените ликови.

sex and the city četvorka sa čuvenim stanfordom

Креаторот на продолжението на култната серија „Сексот и градот“, Мајкл Патрик Кинг, првично ја отфрли идејата дека Стенфорд навистина умира во серијата, па реши тој да отпатува за Токио, оставајќи ѝ на Кери и на другите пријатели проштално писмо.

– Не можев да ти кажам – не без плачење. А вие сте уморни од плачење – напишал Стенфорд во писмото, алудирајќи на смртта на Мистер Биг во првата епизода од серијата.

stanfrod je tokom snimanja nastavka sex and the city-ja preminuo

Емотивната сцена се случува веќе во четвртата епизода, а Мајкл откри каква идеја всушност имал за ликот на Стенфорд во ова продолжение. Во интервју за Variety, Кинг откри дека неговиот првичен план бил Стенфорд да биде фатен во средовечна криза. Иако Стенфорд е успешен менаџер, тој требаше да почне да паничи околу неговата понатамошна кариера.

Друга идеја на креаторите била Стенфорд да започне со истражување на љубовното поле, односно да побара развод од партнерот Ентони.

– Планираа голем број навистина забавни, флертувачки, урнебесни сцени со Кери. Таа многу специфична хемија што ја имаат Кери и Стенфорд, која целосно се заснова на уникатноста – заклучил Кинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma