Канада, о Канада: Работи кои треба да ги знаете за втората најголема земја во светот

4 април, 20220
62280621

Неодамна, еден корисник на Редит побара совет за патување во оваа огромна земја за да помине што е можно попријатно време во Канада. Советите беа многубројни, а ние издвојуваме 10 кои ни изгледаат корисни, од устата на самите Канаѓани…

1. „Немојте веднаш да претпоставувате какви сме, со оглед на нашата географска локација дека сме исти како Американците, или дека функционираат работите овде како во САД“.

2. Никогаш не ја потценувајте дивината. Нападот на елен може да биде фатален, а ракуните имаат прилично остри заби и канџи. Немојте да ги мислите само за слатки животни за галење, туку за „мали“ мечки од 10 до 20 килограми кои можат да допрат до вашето лице.

3. Не го занемарувајте времето потребно за патување од една до друга дестинација. Канада е огромна земја. Исто така, кога одиме некаде подалеку, секогаш одговараме со часови – „три часа возење“, „четири часа возење со брод“ и слично.

4. Се смета за непристојно ако на зборот „благодарам“ не одговорите со „нема проблем“, овде навистина се негува добрината.

5. Вообичаено е да се насмеете или да кажете „здраво“ ако сретнете некој друг на улица. Добро, ова не е нешто што „морате“, но немојте да се изненадите ако доживеете нешто такво.

6. Кога се облекувате за на отворено, не ја земајте предвид само температурата. -20 може да биде многу студено, екстремно студено или фатално студено, во зависност од ветерот и влажноста.

7. „Не ја поистоветувајте француската канадска култура со француската култура. Првото едноставно еволуирало одделно низ вековите.

8. Нека не ве чуди нашиот хумор. Ние сме иронични и саркастични и доста добро се согласуваме со Британците кога е хуморот во прашање.

9. Не пијте на јавни места. Нашите закони се прилично строги кога станува збор за места каде што е дозволен алкохол.

10. Никогаш не ставајте кечап на poutine (јадење со прелив од месо и сирење), навистина немојте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma