Канје Вест на романтична вечера со инфлуенсерка која е копија на Ким Кардашијан

9 февруари, 20220
profimedia-0381926707-830x0

Облеката на инфлуенсерката изгледаше како да ја позајмила од плакарот на Кардашијан, а многумина на прв поглед помислија дека таа е Ким

 

Популарниот рапер Канје Вест уживаше во средбата со инфлуенсерката Чејни Џонс, а сите коментираат дека изгледа како копија на поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан.

 

Тие се фотографирани додека одвоено, очигледно криејќи се, влегуваат во ресторан во Малибу, каде се дружеле и вечерале заедно.

 

Канје беше во опуштена облека, облеченаво црна маица без ракави, сини фармерки и црни чизми. Чејни носеше ракавици, црни чизми со потпетици и сини дизајнерски очила, додека нејзината темна коса беше брановидна.

 

Облеката на инфлуенсерката изгледаше како да ја позајмила од плакарот на Кардашијан, а на прв поглед изгледаше исто како Ким, поради што таа и Канје беа мета на коментари, а некои воопшто не беа пријатни.

 

„Копија на Ким Кардашијан“, „Канје дефинитивно не може да ја преболи Ким“, „Мислев дека Канје се смирил со Ким“, „Се разведуваш и правиш лоша копија од неа“, се дел од коментарите.

 

Манекенката беше една од познатите поканети на забавата на Канје по повод промоцијата на неговиот албум „Донда 2“ кој треба да излезе во февруари.

 

profimedia-0660444703-830x0
profimedia-0660452007-830x0
profimedia-0660556253-830x0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma