Канје Вест ја обвини Ким Кардашијан дека се обидела да им го киднапира детето

6 февруари, 20220
profimedia-0300846619-830x0

– Донесе обезбедување во куќата додека си играв со син ми, а потоа ме обвини за кражба – рекол раперот.

 

Американскиот рапер Канје Вест преку Инстаграм ја обвини својата поранешна сопруга Ким Кардашијан дека се обидела да киднапира едно од нивните деца.

 

Вест деновиве ја користи секоја можност да ја нападне неговата поранешна сопруга. Раперот по разводот не успева да ја прифати новонастанатата ситуација, па неодамна му се закани на нејзиниот нов партнер, комичарот Пит Дејвидсон.

 

Канје јавно се пожали дека Ким ѝ дозволила на нивната ќерка да користи TikTok и ги прашал своите следбеници како да ја решат оваа ситуација, а сега ја обвинува дека се обидела да им ја киднапира ќерката.

 

– Америка те виде како се обидуваш да ми ја киднапираш ќерката на нејзиниот роденден со тоа што не ми ја даваш адресата на прославата – напиша Вест со фотографија од изјавата на Ким во која се обидува да објасни дека нејзината ќерка користи TikTok под надзор.

 

– Донесе обезбедување во куќата додека си играв со син ми, а потоа таа ме обвини за кражба. Морав да се тестирам по забавата на ќерка ми бидејќи ме обвини дека се дрогирам – додал раперот.

 

Забавата на нивната ќерка се случила набргу по разводот, а повеќе извори потврдиле дека поранешните сопружници се договориле да организираат две посебни забави, но дека никој не го спречил Канје да дојде на онаа што ја организирала Кардашијан.

 

Својата порака до јавноста раперот ја заврши со обвинение против пријателката на Ким Кардашијан, од која „замоли“ да престане да манипулира со ријалити ѕвездата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma