Кендал Џенер отиде чекор подалеку за магазинот “i-D” – Конечно покажа дека е дел од Кардашијан семејството

27 февруари, 20220
Kendall-Jenner-i-Kylie-Jenner

 

Кендал Џенер овој пат навистина отиде чекор подалеку.

Во новото издание на британскиот магазин i-D таа позираше во низа оскудни изданија, меѓу кои и едно во кое беше целосно гола. Многумина беа изненадени што Кендал реши целосно да се соблече, но изгледа дека нема проблем со голотијата.

Таа носи кратка сина перика и каубојска капа на насловната страница на списанието и позира со пијалок од In-N-Out, ресторан за брза храна. Вниманието го привлече винтиџ костимот за капење на Gucci.

Понатаму, таа на една од фотографиите носи градник и мини здолниште од познатиот бренд Burberry. На една од другите фотографии Кендал е облечена во проѕирен топ и мини здолниште, а особено не заинтригираа фотографиите во прилично кратки кожени „танга“ шорцеви со натпис „Join To Ride“. Покрај шорцевите, Кендал носи и проѕирна маичка со натпис „Kenny“.

Следбениците особено ги шокираа фотографиите на кои Кендал позира целосно гола во лежечка положба.

Во интервју за списанието i-D, таа зборуваше за борбата против анксиозноста, начините за опуштање како „звучни купки“, медитација и водење дневник. Таа го спомна и нејзиниот бренд за алкохолни пијалоци „818 Tequila“.

Кендал призна дека ужива во улогата на креативен уредник на страницата на продавницата „FWRD“ и со тоа навести дека нејзината кариера како модел би можела да падне во втор план, додека учествува од другата страна на бизнисот во модната индустрија.

Кендал сака да го изгради споменатиот трговски сајт од темел и да воспостави целосна контрола врз целиот развој и ќе одлучи кои брендови и компании може да се стават на тој сајт.

Таа го спомна и своето семејство, кое е полно со силни и независни жени, од кои научи многу лекции кои ќе ги примени во нов деловен потфат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma