Ким Кардашијан: Пит веќе има неколку тетоважи посветени на мене

19 март, 20220
kim-kardasijan-3-830x0

– Се чини дека односите на познатите во очите на фановите стануваат „официјални“ дури кога на социјалните мрежи ќе почнат да се споделуваат фотографии – изјавила Ким.

 

 

 

Ријалити ѕвездата и старлета Ким Кардашијан (41) конечно го прекина молкот и реши да проговори за љубовната врска со комичарот Пит Дејвидсон (28).

 

Пред неколку дена Ким ја потврди врската со објава на својот Инстаграм профил, но фановите за оваа романса знаат со месеци.

 

За време на интервјуто во шоуто на Елен Деџенерис, таа објасни како првпат се поврзала со Пит во октомври 2021 година.

 

– Се чини дека односите на познатите во очите на фановите стануваат „официјални“ дури кога на социјалните мрежи ќе почнат да се споделуваат фотографии – изјавила Ким.

 

Мајката на четири деца ѝ рекла на водителката Елен Деџенерис (64) дека сè уште размислува колку често треба да објавува слики со своето ново момче.

 

– Имам многу наши слатки фотографии и сакам да ги објавам, но потоа застанувам и си велам „немој, претеруваш“ – рекла Ким.

 

– Не знам што е „правилно“. Затоа што не сум излегла со некој нов откако постои Инстаграм. Не знам какви се правилата – додаде таа со насмевка.

 

Кардашијан потврди и дека момчето Пит веќе има неколку тетоважи посветени на неа.

 

„Тие се мали, но многу слатки“, рече таа.

 

Ким откри и која е нејзината омилена тетоважа што Пит ја направил за неа.

 

– Има една која вели „Мојата девојка е адвокатка“, а тоа многу ми се допаѓа – заклучила Ким која студирала право и сака да биде адвокатка во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma