Ким Кардашијан ја отвори вратата од својот дом: Стилот е минималистички, а еве КАДЕ го поминува поголемиот дел од своето време (ВИДЕО)

23 февруари, 20220
kuca2

Куќата ја краси неверојатно простран двор, но и едноставен стил

Иако е деловна жена, Ким Кардашијан не крие дека најдобро се чувствува во својот дом, кој е минималистички.

Таа ги отвори вратите од својот дом во Калабасас, кој вреди дури 23 милиони долари.

Во таа прилика ја покажа својата дневна соба, но и просторијата во која поминува најголем дел од времето дома и која и служи за опуштање. Најмногу сака да слуша смирувачка музика и да пие чај, а откри и како спомените на нејзините деца се едни од најскапоцените работи.

Таа покажа и како изгледа нејзиниот огромен двор кој е комплетно уреден и без никакви маани, а содржи се што ви треба за рекреација: од кошаркарско игралиште, до базен и место за различни физички активности.

Изјави дека и е многу важно нејзините деца да имаат простор за игра, а истакна и дека еден дел од пространиот двор е покриен со градина и многу дрвја со плодови.

Погледнете го видеото на кое се гледа нејзината куќа:

Куќата е уредена исклучително минималистички, според нејзиниот вкус, така што на ѕидовите не се забележуваат никакви слики, освен некои кои се дела на нејзината ќерка. Боите на ентериерот се претопуваат една во друга, а Кардашијанката не крие дека најмногу и се допаѓа кога слуша релаксирачка музика и се одмара во својот дом, кој и е засолниште од остатокот од светот.

Таа не се двоумеше да ги покаже купените автомобили, кои исто така се трудела да бидат во минималистички тон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma