Клучот за УСПЕШНА ВРСКА: Што е потребно покрај ЉУБОВТА?

30 јануари, 20220
34bc6081042e5933f3451bcd1130e200d3e52e18

Љубовта не е доволна за бракот или врската да опстои. Покрај неа, потребна е и благодарност.

Често одвојуваме момент да ја изразиме нашата благодарност за нашето и здравјето на нашите најблиски, благодарност за семејството, пријателите, домот …

Меѓутоа, кога последен пат сте му кажале „благодарам“ на вашиот партнер? Ако не можете да се сетите, време е да почнете да го применувате тој магичен збор во вашата врска, доколку сакате да одржувате здрав, квалитетен однос.

Кога сме зафатени и под стрес, често забораваме да се заблагодариме на личноста со која го делиме нашиот живот за поддршката што ни ја дава. Понекогаш ни се чини дека благодарноста се подразбира, но понекогаш треба да ја кажете. На овој начин ќе ја подобрите врската која бара здрава комуникација.

Направете вашиот партнер да се чувствува сакано и ценето. Се разбира, важи и обратно. Со едноставни постапки и однесување покажете колку си значите еден на друг.

Во едно истражување во кое среќните парови одговориле на прашањето која е тајната, 61 отсто од нив изјавиле гестови на благодарност од нивните партнери. За тие среќни парови, благодарноста доаѓала во форма на зборови или дела со кои сопружниците покажале дека ги забележуваат, ги ценат, ги почитуваат, ги сакаат.

Благодарноста е нешто на што можете да работите, а со изразување благодарност ќе задоволите две важни потреби на луѓето во врските – потребата да знааат колку вредат и потребата за интимност и блискост.

Можете да изразите благодарност со именување на она за што сте благодарни. За тоа мора да бидете искрени, а освен тоа, не оставајте секогаш на зборови – покажете го тоа со своите дела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma