Кога е време со парнерот да посетите БРАЧЕН СОВЕТНИК: Спасете го бракот во само неколку чекори

31 март, 20220
psihoterapija-1

Брачните кризи се составен дел од животот на секој пар. Сепак, постојат некои знаци дека е време да посетите брачен советник или терапевт за парови.

Мислењето на многу експерти е дека паровите треба да посетат брачен советник и ако немаат големи проблеми во бракот, бидејќи на тој начин уште подобро ќе можат да работат на својата врска.

Сепак, посетата на психотерапевт или советник за парови е сè уште табу тема. Она што треба да го разберете е дека тоа во никој случај не е срам, ниту нешто од што треба да се срамите.

Секако, за да посетите брачен советник, истото треба да го сака и вашиот партнер.

Што е брачно советување?

Брачното советување им помага на паровите да се обидат да ги решат причините за нивните несогласувања и конфликти кои ја доведуваат во прашање нивната врска или брак. Ќе ви помогне да научите како да комуницирате, но и да ги решавате проблемите во врската без големи кавги и дискусии.

Секако дека ќе има конфликти во текот на бракот, но терапијата може да ви помогне да ги извлечете најдобрите работи од кавгата, преку кои ќе изградите посреќна врска или брак.

Како да знаете дали е време да посетите брачен советник?

Брачното советување им се препорачува на сите парови кои имаат криза во бракот, но кои не можат сами да ја надминат. Се советуваат и паровите кои се пред брак, бидејќи со помош на психотерапевт подобро ќе го запознаат партнерот и себеси.

Најважно е отворено да зборувате за вашите проблеми, бидејќи само на тој начин ќе можете да ги решите конфликтите, без разлика дали се работи за нарушени врски или потреба да се зазема истиот став кон децата. Треба да знаете дека експертите кои ве советуваат никогаш нема да ви кажат што да правите.

Од нив ќе добивате само мислења и предлози за да може вашиот проблем да се реши.

Проблемите кои ги имате со партнерот, а кои не се решени, туку се наталожуваат, можат да ви го нарушат менталното здравје. Најчести болести во овие ситуации се депресија, проблеми со нервоза во желудникот, која може да предизвика чир на желудникот.

Вашите лични проблеми, без разлика дали сакате или не, почнуваат да влијаат на вашиот бизнис, влошувајќи го. Го губите интересот за работата, не можете да се концентрирате на она што го работите, а поради сето тоа кавгата се шири и кај пријателите и семејството.

Доколку сте решиле да се консултирате со психотерапевт за парови со партнерот, бидете искрени и кажете го она што не ви одговара и во никој случај не само да го обвинувате партнерот. На крајот на краиштата, ова не е ниту време ниту место за утврдување на вината, туку обид да се помогне во решавањето и надминувањето на брачните проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma