Кожните здолништа повторно владеат со сцената: 4 модели кои ќе ги обожавате!

9 февруари, 20220
shutterstock708128467-830x0

Ако во женската гардероба има нешто посестрано од фармерките, тогаш тоа е кожно здолниште. Лесно може да се комбинира со сите парчиња облека – од најосновната бела или црна маичка до свилена блуза, па дури и со џемпери.

Покрај тоа, можете да се појавите каде било во кожено здолниште, одговара за секоја пригода, а најважно е да го изберете вистинскиот модел.

Кожените здолништа се женствено и безвременско парче облека. Ги има во различни стилови и кроеви, а веруваме дека во оние што ги одбравме ќе го најдете оној кој ви одговара.

1. Кожено здолниште во боја на виски

Класичен крој и пристојна должина, здолниште во оваа боја е идеално за деловен состанок, но и за излегување со пријателите. За малку да го „зачините“ овој стајлинг и да го подигнете на повисоко ниво, носете виски чизми над колена.

2. Само за храбри дами

Невообичаено и урбано, здолништето со шлиц на средина е совршено за оние дами кои сакаат да експериментираат со облеката. Црно палто и чанта во ефективна боја ќе ја комплетираат оваа комбинација.

3. Макси црно кожено здолниште

Макси здолништата се софистицирани, а оваа сезона најчесто доаѓаат во црна боја, изработени од кожа. Ова здолниште е практично решение за секоја пригода, а потребно е само да ја соберете вашата кошула, џемпер, ролка… и совршениот пар чевли.

4. За вечерни прилики

Црно тесно здолниште со „V“ деколте во комбинација со салонки и џемпер во иста боја е добитна комбинација во која ќе ги засените присутните. Овој стајлинг е доказ дека можете да изгледате совршено во еднобојна и едноставна комбинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma