Комплет страници од првата верзија на книгата за Хари Потер продадени за 37.500 фунти

30 април, 20220
Screenshot_8

Единствениот познат комплет страници од првата верзија на книгата на Џ. К Роулинг „Хари Потер и каменот на мудроста“, испечатени за потребите за рецензија, е продаден за 37.500 фунти откако предизвикал „приличен потрес“ на аукција.

 

 

 

Досега невидениот некоригиран труд е верзија на книгата која е испечатена пред конечното лекторирање и се состои од 224 нумерирани страници на 109 листови.

 

Комплетот е продаден речиси двојно повеќе од претпродажната процена од 20.000 фунти, откако приватен колекционер кој по телефон лицитирал од странство победил жестокиот тендер.

 

Тој примерок на книгата во февруари 1997-ма година го испратила Росамунд Вокер, менаџер за маркетинг на детски книги во Блумсбери до Фиона Вотерс, рецензентка на детски книги.

 

Во писмото Вокер напишала: „Драга Фиона, „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џоан Роулинг. Ви го приложив ракописот како што ти ветив. Би била многу благодарна ако би можеле да ми дадете свој коментар пред објавувањето“.

 

Еден месец подоцна, Вотерс одговорила: „Едноставно ми се допадна таа книга. Постои нешто во врска со Хари Потер што ме потсетува на Чарли Бекет во „Чарли и фабриката за чоколада”“.

 

Цитатот на Фиона Вотерс е користен како рецензија на задниот дел од првото издание на книгата.

 

Клајв Мос, шефот на одделението за книги, ракописи и хартии во аукциската куќа „Chiswick Auctions“, рекол: „Воодушевени сме од резултатот на овој денеска единствен познат преживеан комплет листови кој прв пат се појави на пазарот и предизвика голем хаос“.

 

„Очекувавме жестоко наддавање, бидејќи се нуди единствен увид во тоа што стана култно дело во историјата на книжевноста“, додал тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi