Која е снаата на Дејвид и Викторија Бекам: Нејзиното семејно БОГАТСТВОТО е бесценето, а венчаницата е вистинско уметничко дело

11 април, 20220
Screenshot_5

Ова веројатно ќе остане запаметено како „свадба на годината“.

 

 

Познатиот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам и неговата партнерка Никола Пелц, во саботата го кажаа судбоносното „да“ на нејзиниот семеен имот на Флорида, кој вреди 76 милиони фунти.

 

Сите медиуми наведуваат дека Бруклин го зел презимето на сопругата, кое отсега ќе го користи како средно име.

 

Сите ги интересира која е оваа мистериозна невеста

 

Никола е родена во Њујорк, ќерка на познатиот американски милионер Нелсон Пелц и Клаудија Хефнер, поранешна манекенка. Таа е најмалото од осумте деца на овој богат пар.

 

Актерка е во подем, досега има снимено 11 филмови и глумела во три телевизиски серии. Таа беше честа и во спотовите на Мајли Сајрус и Зеина Мелика, а вниманието на медиумите го привлече накратко откако стапи во врска со Џејситн Бибер, која не траеше долго.

 

Бруклин Бекам и Никола почнаа да се забавуваат во 2019 година, а само една година подоцна, во јули 2020 година, ја објавија свршувачката и самиот веренички прстен беше смарагд за кој, според упатените, чинеше 200.000 долари.

 

Бидејќи фотографирањето беше забрането на самата венчавка, единствените слики што ни беше овозможено да ги погледнеме беа оние што ги објавија на нивниот Инстаграм профил.

 

Венчаница од бајките, која можете да ја погледнете ТУКА

 

Во традиционален стил, венчаницата на брендот „Валентино“ ги воодушеви луѓето ширум светот.

Најпознатата и најценета стилистка Лесли Фармер изјавила дека „поубав фустан не видела во животот“.

 

Ова е одлична изјава кога Леси го вели тоа, со многу познати ѕвезди кои стојат зад плакарот, како Деми Мур, Шарлиз Терон, Џулија Мур.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma