КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА секогаш носи БИСЕРИ во јавност! Еве зошто е тоа така

5 август, 20220
108334_kraljica04_f

Кралицата Елизабета Втора, која е на тронот веќе 70 години, често во јавноста се појавува со еден вид накит, а тоа се бисерните ѓердани кои секогаш ги носи.

Ако се прашувате зошто е тоа така, се работи за долга традиција која го вклучува овој моден детал.

Долга традиција

Бисерите се традиционален накит за кралиците во Британија повеќе од илјада години – никогаш немало кралица која не носела бисери“. Во минатото важеа за ретки, убави, сјајни и колку повеќе ги носите – толку стануваат посјајни – објаснила Лесли Филд, која ја напишала книгата „The Queen’s Jewels“.

Традицијата на кралското семејство да носи бисери датира од кралицата Викторија, прабаба на кралицата Елизабета Втора.

– На сите свои ќерки и внуки им подарувала по еден бисер секоја година на нивниот роденден за да имаат доволно бисери за ѓердан до 18 години – објасни Филд.

Таткото на Елизабета, кралот Џорџ Шести, ја продолжил традицијата кога ѝ подарил тенок платинест синџир на кој додавал по два бисери на секој нејзин роденден.

Во 1935 година, за време на прославата на нејзиниот сребрен јубилеј, дедото на кралицата Елизабета Втора, кралот Џорџ V, ѝ ги подарил на неа и на нејзината сестра, принцезата Маргарет, бисерните ѓердани што ги носеле на крунисувањето на нивниот татко, кралот Џорџ Шести, во 1937 година. Ѓерданите биле видливи додека девојките и мавтале на толпата од балконот на Бакингемската палата.

На денот на нејзината венчавка во 1947 година, Елизабета носеше уште еден ѓердан од два реда бисери, за кои се верува дека всушност се два посебни ѓердани од нејзината богата колекција. Таа носеше сличен накит кога ја објави својата свршувачка со принцот Филип претходно истата година и продолжи да ги носи бисерите за други пригоди од висок профил, вклучувајќи го и погребот на Филип во 2021 година.

Кралицата има прилично голема колекција на ѓердани, од наједноставни до оние со 5-6 реда бисери, пишува „istoriskizabavnik.rs“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit