Кралот Чарлс вработил личност чија единствена обврска не можете ни да ја замислите, еве како ја објасниле

8 октомври, 20220
Screenshot_18

Чарлс Трети ангажирал професионален гајдаџија чија задача е секое утро да го буди свирејќи на гајдата под прозорецот, пишува „The Sun“. Станува збор за мајорот Пол Барнс, кој свиреше на гајдата на погребот на кралицата Елизабета Втора, а претходно и на погребот на принцот Филип.

 

 

 

Мајорот Барнс изјави по погребот на кралицата: „Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора беше мојот врховен полковник, а нејзиниот сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, беше мојот кралски полковник.

 

Свирењето на гајдата на двата нивни погреби во замокот Виндзор е голема чест за еден војник. Како млад живеев во близина на замокот Балморал, и се сеќавам на нивното присуство уште од рана возраст, а Кралската гарда ме инспирираше да се приклучам на војската. Свирењето на погребот на Нејзиното Височество ме натера да размислувам за тие рани спомени и среќен сум што можам да им оддадам почит на двајцата на овој начин“.

 

Ангажирањето личен музичар е нешто како традиција меѓу монарсите, а во тоа уживала и кралицата Елизабета Втора.

 

„Елизабета Втора обожавала да има своја гајдаџија. Тоа е убава традиција”, рекол извор близок до кралското семејство за британските медиуми.

 

По смртта на кралицата, повеќе од 100 вработени на Чарлс добија известување дека ќе останат без работа.

 

Инаку, по смртта на кралицата Елизабета, беше објавено дека речиси 100 вработени во поранешната официјална резиденција на кралот Чарлс III. добиле известување дека можат да останат без работа. Личните секретари, канцеларијата за финансии, тимот за комуникации и персоналот во домаќинството ја примија веста за време на миса за кралицата во катедралата Св. Гилс во Единбург. На списокот се најдоа и оние кои со децении работеле за кралот.

 

„Сите се апсолутно бесни, вклучително и личните секретари и вишиот тим. Целиот персонал работи деноноќно за да го извлече најдоброто од ситуацијата, па не е изненадување што сите се видно потресени“, изјави извор близок до кралското семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber