Кратки панталони на Оскарите: Изданието на Кристен Стјуарт кое изненади многумина

29 март, 20220
62277192-kristine-stewart

Кристен Стјуарт оваа година за прв пат беше номинирана за престижниот Оскар. Славната Американка беше номинирана во категоријата главна актерка за улогата на принцезата Дијана во филмот „Спенсер“, за што доби големи пофалби од критичарите.

Првата номинација во кариерата реши да ја одбележи со необичен моден избор – смела интерпретација на класичен смокинг потпишан од француската модна куќа Шанел, чие лице е таа.

Црното сако го спои со бела кошула која ја откопча до половината, а која откри долга огрлица со атрактивен привезок.

Наместо панталони со долги ногавици, таа избра ултра краток модел, кој и ги откри нозете, а го искомбинирала со црни чевли со екстремно високи потпетици. Станува збор за смела комбинација која никогаш не е видена на црвениот тепих на Оскарите.

„Не бевме сигурни меѓу долги и кратки панталони“, призна во Harper’s Bazaar стилистката на Стјуарт Тара Свенен, „но бидејќи Кристен е моден камелеон, таа рече – ајде да го направиме тоа. Ајде да одиме со шорцеви.“

Кристен Стјуарт го привлече вниманието и со својот моден избор на Оскарите во 2013 година, кога спои бел фустан од тантела Reem Acra со нетипичен моден додаток – патерици поради повреда на стапалото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma