КРИСИ ТАЈГЕН ПОВТОРНО Е БРЕМЕНА! „Поминавме низ пекол, конечно е време за добри вести!

4 август, 20220
Screenshot 2022-08-04 165127

Инаку, ова е четврта бременост за познатата убавица – парот се потпре на модерната медицина за да го прошири семејството!

Криси Тајген и Џон Леџенд наскоро ќе станат родители по трет пат. Познатата манекенка ја информираше јавноста дека е бремена преку својот Инстаграм, каде не криеше дека не и било лесно повторно да остане бремена.

– Последните две години во најмала рака беа стресни, но среќата повторно е на наша страна. По безброј инјекции, кои ги примив и во ногата, како што гледате, имаме уште едно бебе – започна таа на споменатата социјална мрежа.

Screenshot 2022-08-04 165656
Screenshot 2022-08-04 165714

– После секој преглед, си велев: „Во ред, ако сè биде добро денес, тогаш ќе кажам во јавноста што се случува.“ Ми олеснуваше кога ќе го слушнев отчукувањето на срцето, но сепак бев многу нервозна поради објавувањето на веста. Мислам дека никогаш до сега не сум била понервозна, но се е во совршен ред и има надеж. Се е супер – додаде таа.

Судејќи по фотографијата, Криси е веќе во поодмината фаза од бременоста, а бројните пријатели и фанови од Инстаграм не штедеа на убави зборови. Двојката веќе ја има ќерката Луна Симон и синот Мајлс Теодор. Пред околу две години, Криси имаше спонтан абортус поради компликации. Еден месец откако ја објави третата бременост, таа доби мртвородено дете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit