Латино Бред Пит се разведува: Вилијам со години ѝ беше неверен на сопругата, а сега дојде и крајот

1 февруари, 20220
Screenshot_6

Актерот Вилијам Леви и неговата сопруга и манекенка Елизабет Гутиерес важат за еден од најпопуларните латиноамерикански парови. Сепак, најмногу се прославија по бројните скандали.

 

Актерот, кој обожавателките го имаат запаметено по мексиканските сапуници, отворено покажуваше дека не му е доволна само една жена. На Instagram актерот објави дека се разведува од Елизабет со која има две деца, 15-годишниот син Кристофер и 11-годишната ќерка Кејли.

 

Набргу откако објави дека се разведуваат, актерот ја избриша објавата. Но, конечната одлука ја потврди со нова објава.

 

„Време е за ново поглавје во мојот живот“, напиша тој.

 

Парот е во брак од 2003 година, а мина низ бројни подеми и падови поради шпекулациите дека Вилијам ја изневерува сопругата. Според медиумите, станува збор за повеќе од 80 жени.

 

Познато е дека Леви имаше афери со повеќе колешки, а против актерот беше покренато обвинение дека намамил малолетничка во соба на еден хотел каде ја присилил  на секс. Иако тужбата е повлечена, Вилијам не демантираше дека спиел со неа, туку дека го излажала за годините.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi